Република Хрватска








Република Хрватска со текот на годините е се поактуелна дестинација, не само за туристите, туку и за сезонските работници кои во неа гледаат одлична можност за заработка, а воедно и уживање во убавините кои таа ги нуди, посебно во текот на летната сезона. Хотелите, рестораните, баровите кои во текот на летната сезона се преполни со туристи ја прават да биде атрактивна и за сезонските работници кои покрај заработката имаат можност да го поминат летото покрај море и зависно од позицијата која ќе ја работат во секојдневна комуникација со посетителите кои доаѓаат од сите делови на светот на доусовршат некои од странските јазици.
Освен сезонска работа отворена е и можноста за постојана работа во Р.Хрватска во текот на целата година. Се градат хотели, згради, објекти и има недостиг од професии како: ѕидари, молери, плочкари, кнауфери, водоинсталатори, електричари, бравари.. Отворена е и можноста за постојана работа и во областа на угостителството. Позициите за келнери, шанкери, собарки, кувари, рецепција се неопходни за хотелите, рестораноте и баровите кои се отворени во текот на целата година.
Голем дел од работодавците имаат обезбедено превоз од Македонија до Хрватска, како и сместувања за работниците кои најчесто се колективни.
Барање за работна дозвола поднесува работодавецот во Р.Хрватска во полициска станица во зависност од местото на неговото седиште. Со работната дозвола работникот може да работи само кај работодавецот и на работното место за кое му е издадена дозвола за престој и работа. Работникот треба да има минимум 18 години, а старосната граница зависи од позицијата за работа за која аплицира, максимум до 55-годишна возраст(тоа не важи за сите професии). Постојат професии каде што старосната граница за е помала.
Потребни документи за аолицирање:
- Пасош со важност од најмалку 6(шест) месеци подолго од договорениот работен ангажман
- Уверение за неосудуваност преведено на хрватски јазик
- Диплома за завршено основно/средно образование преведена на хрватски јазик.



















