Добредојдовте во Футурум (приватна лиценцирана агенција за посредување при вработување во странство) со седиште на Бул. Кочо Рацин бр.17, Скопје.
Професионална услуга и секогаш навремено исполнување на ветеното е наш приоритет, а успехот на нашите клиенти наше мото. Оваа компанија се стреми да биде предводник во својата област и со текот на годините што престојат да пишува една успешна приказна базирана врз доверба, континутитет и посветеност.
За услугата да биде комплетна приватната агенција за вработување ФУТУРУМ соработува со друштво за посредништво, едукација и консалтинг услуги ФУТУРУМ КОНСАЛТИНГ, со што на нашите клиенти им обезбедуваме целосна услуга во однос на комплетирање на документација, едукација, образование, превод на документи, административни услуги, тестирање на јазични познавања и соодветни дообуки од областа за која аплицирале. Нашето име “ФУТУРУМ” (латинско потекло) означува “ИДНИНА”, иднина која секој поединец сам си ја креира. Секој човек е креатор на својата иднина, а ние му помагаме на секој наш клиент да биде донесе правилни одлуки за реализирање на своите цели и да зачекори по патот на успехот!
ПАРКИНГ FREE!!!




Нашиот тим е создаден од професионалци во својата област. Наша почетна задача е да ги испитаме вашите способности и јазични познавања, и да ги реализираме можностите за вработување во странство според вашите желби и замисли. Со постојаната работа, посветеноста и напорот кој го вложуваме во секој процес, доаѓаме до најдоброто решение за постигнување на крајната цел – ПОДОБРА ИДНИНА!