Германија








Програмата за студенти им овозможува на студентите да се здобијат со уште едно животно искуство, а воедно и да заработат со што по враќањето од Германија би располагале со сопствени средства кои би им помогнале при студирањето. Работниот ангажман во Германија е одлична можност за студентите за учење или усовршување на германскиот јазик.
Во програмата за студенти може да учествуваат сите студенти од 18 до 35 годишна возраст. Времетраењето на престојот во Германија може да биде максимум 90 дена за време на официјалниот летен распуст од факултетот на кој студираат.
Апликациите во “Футурум” започнуваат во Ноември, а краен рок за аплицирање за програмата “Студентска пракса во Германија” е крај на месец Март наредна година.
Потребни документи за аплицирање:
- Koпија од пасош (со важност од најмалку 6 месеци по предвидениот датумот на враќање од Германија
- Потврда за редовен студент
- 3 оригинални примерока – Imatrikulationsbesheinigung заверени од факултет
- Биографија на германски јазик
На студентите им обезбедуваме работен договор, организирано сместување, патничко осигурување за 90 дена и комплетна поддршка во целиот процес на добивање на работна дозвола од ЦАФ.
За поднесување барање за виза во германска амбасада (според регулативата за Западен Балкан), пред се потребно е да си закажете термин електронски на официјалната веб-страна на германска амбасада. Визниот оддел термините ги доделува по пат на лотарија. По добивањето на терминот за влез во германска амбасада, “Футурум” успешно ве води низ целиот процес, комплетирање на соодветна документација за поднесување на барање за виза, а потоа и обезбедување на сместување во Германија.
За апликантите кои ги исполнуваат условите за квалификувана работна сила од некоја од категориите објавени на веб-страната на германска амбасада “Футурум” прво прави проверка, комплетирање и обезбедување на соодветна документација, а потоа се закажува термин за влез во германска амбасада.
За лицата со ЕУ пасош нудиме позиции во повеќе градови во С.Р Германија. Работната позиција е зависна од нивното познавање на германски/англиски или др.странски јазици, како и според нивното образование, квалификации, физички и психички способности. Потребно за аплицирање:
- Копија од македонски пасош
- Копија од Европски пасош
- Биографија
- Зависно од позицијата за која се аплицира соодветна потврда за квалификацијата(возачка дозвола, доказ за соодветни квалификации, сертификати, лиценци и.т.н..)
Услугата “Пренамена на работно место “ ја обезбедуваме за лица со ЕУ/МК пасош кои се во работен однос во Германија, но сакаат да го променат работното место. За лицата со МК пасош освен снабдувањето на работен договор и сместување ве водиме низ целиот процес околку потребната документација во соодветните институции во С.Р Германија.
Посредуваме за сместување во сите делови од Германија. За нашите клиенти кај кои работодавачите немаат обезбедено сместување или можеби сместувањето кое им е понудено не ги исполнува критериумите на клиентот, посредуваме при сместување во зависност од условите и побарувањата на клиентот.
Посредуваме при обезбедување на сместување за лицата кои веќе имаат работен договор и сакаат да заминат во Германија, како и за лицата кои се во Германија, но сакаат да го променат местото на живеење.
Апартманот е главен предуслов за процесот “Приклучок на фамилија”. Од исклучителна важност приклучокот да биде одобрен е апарманот да ги исполнува сите критериуми наведени од страна на визниот оддел. Посредуваме при обезбедување на апартмани за фамилии во зависност од нивните побарувања и финансиски можности.
Секогаш внимаваме апартманот да биде блиску до работното место и да има достапност до јавен превоз. Особено внимаваме јавниот превоз да има редовна линија и во ноќните часови земајќи предвид дека голем дел од клиентите се вработени во Фаст Фоод или фабрики каде што постои и 2-ра и 3-та смена или се медицинари со ноќни дежурства и мора во секое време мора да има достапен превоз до местото на живеење.



















